Меј и Џонсон со поддршка за влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО

27 февруари, 2018 | 12:41 часот | 749 прикажувања |

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи присуствуваа на приемот, што во честа на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, го приреди премиерката на Велика Британија Тереза Меј.
На одвоената средба на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон, изразен беше посебен интерес за спроведувањето на реформите во Република Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка, што беа акцентирани за време на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој што се одржа вчера во Лондон.
Премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон на оваа средба со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Заменик претседателот на
Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, уште еднаш ја изразија силната поддршка за Република Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО.