Одложени дуелите на Вардар со Гевгелија и Овче Поле

27 февруари, 2018 | 9:55 часот | 571 прикажувања |

Планираните и закажани натпревари од женската ракометна лига на Вардар против екипите на Гевгелија и Овче Поле се откажуваат поради лоши временските услови, соопштија од таборот на македонскиот шампион.

Двата натпревари беа закажани за денеска и утре.

Со оглед на тоа што Вардар в петок игра натпревар од Лигата на шампионите против Битигхајм, средбите со Гевгелија и со Овче Поле дополнително ќе бидат закажани.

Останува според планираното, барем засега да се одигра средбата меѓу Гевгелија и Вардар јуниор што треба да се игра на 2 или 3 март. И за тој меч дополнително ќе биде утврден терминот за почеток