Нашинците од Чикаго: Името на Македонија не е на продажба

27 февруари, 2018 | 9:31 часот | 2.438 прикажувања |

Македонските иселеници од Чикаго, во рамките на глобалното движење „Ние сме Македонија“ во неделата побараа прекин на преговорите за името на Македонија.

„Името на Македонија не е на продажба“, „Престанете да се пазарите со Македонија“, „Македонската дијаспора обединета за Македонија“ и „Ние сме Македонија, Грција не е“ беа дел од пораките на транспарентите со кои присутните на протестот ги запознаваа минувачите со причината за својот собир.

Следниот поголем протест на дијаспората е закажан за 3 март, кога ќе се протестира во главниот град на САД – Вашингтон.