Трамп би влетал во училиштето во Флорида и невооружан

27 февруари, 2018 | 9:04 часот | 501 прикажувања |

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна жестоко ја критикуваше реакцијата на полицијата по масакрот во Флорида, изјави дека „дури и невооружан би влетал во училиштето“ ако би бил таму.

„Не знаете додека не се најдете во таква ситуација, но мислам и навистина верувам дека таму ќе влетав дури и да немав оружје“ истакна Трамп во синоќешното обраќање до гувренерите на американските сојуни држави во Белата куќа.

Трамп уште еднаш посочи на потребата за примена на новиот закон за контрола на оружјето и за подобрување на безбедноста во учичиштата.