Жан-Клод Јункер: Пристапувањето на Србија во ЕУ не зависи од Брисел туку од Белград

27 февруари, 2018 | 8:51 часот | 453 прикажувања |

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека Србија и Западен Балкан треба да бидат дел од Европската Унија, но датумот на пристапувањето на Србија не зависи од Брисел туку од Белград.

„Србија заврши импресивна работа на патот кон ЕУ, но мора да ги реши проблемите со владеењето на правото и правдата, како и да постигне правно обврзувачки договор со Косово“, изјави Јункер по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека постигнувањето на правно-обврзувачки договор со Приштина е најтешката пречка на патот на Србија кон членството во ЕУ.

„Важно е да се најде компромис со Албанците и да се постигне пријателство меѓу двата народа, за што Брисел се само посредници“, изјави Вучиќ.