Вајгл: ВМРО – ДПМНЕ да се врати во собраниските клупи

27 февруари, 2018 | 8:40 часот | 616 прикажувања |

Владата и опозицијата треба да работат заедно за доброто на државата. Без дијалог меѓу нив, нема европска иднина за Македонија, изјави европратеникот Иво Вајгл, на Конференцијата на Комисиите за европски прашања од Западен Балкан.

Вајгл потврди дека во процесот „Жан Моне“ нема да се разговара за името, дека тој има намера да ги подобри релациите помеѓу власта и опозицијата.

„ Мора да работите заедно, опозицијата е дел од нормалниот парламентарен систем. Коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и активно“ – истакна Вајгл

И претседателот на собранието Талат Џафери упати повик до пратениците од опозицијата да се вратат во законодавниот дом.