Димитров: Не може да станеме сојузници со Грција ако се клоцаме и обвинуваме

26 февруари, 2018 | 16:19 часот | 820 прикажувања |

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, на денешната Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања која се одржува во Собранието, зборувајќи за билатерланите спорови во регионот, истакна дека со нив мора да се соочиме со самодоверба и со исправена глава.

„Мораме да отвораме врати и градење мостови и мене ми е исклучително задоволство што успеавме со Бугарија да го затвориме Договорот за добрососедство. Не само политички, туку Договорот покажа и економски резултати за брзо време. Нашиот следен предизвик се односите со Грција и разликата околу името. Тука пак, паметејќи ја лекцијата за владеење на правото, Грција нема тука никакво право да не блокира. Но, сепак имаме политички проблем, а бидејќи сакаме да станеме сојузници, не можеме да станеме сојузници со Грција ако се клоцаме и обвинуваме. Со овој процес се учиме да бидеме сојузници, ова е шанса и на Грција, бидејќи оваа зрелост на Македонија е шанса што треба да се искористи“, вели Димитров.