За годишнината од Конгресот на албанската азбука свечен прием во Владата

22 ноември, 2017 | 10:28 часот | 177 прикажувања |

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, денеска организира свечен прием по повод 109 годишнина од Конгресот на албанската азбука.

На настанот што ќе се одржи во Владата со почеток во 10 часот ќе земат учествo доајените на албанското образование, просветни работници и други.

Во 15.15 часот владина делегација предводена од вицепремиерот Лика ќе го посетат Музејот на албанската азбука во Битола каде ќе биде отворена изложбата со ликовите на учесниците на Конгресот на албанската азбука.

Во 19 часот во Домот на културата во Битола ќе се одржи свечен концерт.