ФФМ: Нема да се игра 22 коло поради снегот

26 февруари, 2018 | 14:16 часот | 611 прикажувања |

Фудбалската федерација на Македонија поради лошите временски услови кои владеат во земјата го одожи 22. коло што требаше да се одигра в среда.

Поради одлоѓувањето на колото ФФМ го помести комплетниот пролетен дел од сезоната. Колото кое требаше да се одигра в среда на програмата ќе биде викендов, дуелите ќе се играат на 4.март.

Сезоната во домашниот шампионат ќе заврши на 20.мај.