Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна Полјана“

26 февруари, 2018 | 11:14 часот | 600 прикажувања |

Македонскиот писател Венко Андоновски, заедно со уште 34 светски писатели, е номиниран за Толстоевата награда за книжевност „Јасна Полјана“.

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други. Од балканските книжевности номиниран е и словенечкиот писател Драго Јанчар.

Андоновски е номиниран за руското издание на романот „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина. Резултатите ќе бидат соопштени во октомври.