Компанијата на Харви Вајнштајн поднесе барање за банкрот

26 февруари, 2018 | 11:09 часот | 523 прикажувања |

Студиото во Њујорк, коосновано од продуцентот на филмот, Харви Вајнштајн поднесе барање за банкрот, по разговорите за продажба на нивните средства на група инвеститори, се вели во соопштението објавено од Би-Би-Си.

Разговорите завршија пред две недели, кога канцеларијата на јавниот обвинител во Њујорк поднесе тужба против компанијата Вајнштајн.

Директорите велат дека банкротот е единствената остварлива опција.

Вејнштајн се соочува со десетици обвинувања за сексуална злоупотреба, вклучително и силување. Тој негира дека имал секс без согласност на оние кои го обвинуваат.

„Компанијата Вајнштајн е вклучена во активен процес на продажба со надеж за зачувување на средствата и работните места“, се вели во изјавата на одборот во неколку американски весници.

Во соопштението се вели дека „уреден процес на стечај“ е „единствена остварлива опција за максимизирање на преостанатите вредности на компанијата”.