Скопјанка тешко повредена во сообраќајка кај кичевско Подвис

26 февруари, 2018 | 11:05 часот | 330 прикажувања |

Шеесет и шест годишната скопјанка Л.Т. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17:45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на село Подвис.

Од МВР информираат дека дошло до судир помеѓу патничко возило „Шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (61) од Скопје, патничко возило „Фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (48) од Охрид и патничко возило „Опел мерива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (61) од Битола.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Шевролет авео“- Л.Т. (66) од Скопје. Поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.