Од денес започнува „Арт Симпозиум С’копје“ во центарот на градот

26 февруари, 2018 | 9:46 часот | 656 прикажувања |

Од денес 26-ти февруари до 04-ти март, во центарот на Скопје во Градската кафеана Пелистер ќе се одржува несекојдневен настан посветен на уметноста.

АРТ Симпозиум С’Копје претставува нов вид на форум, каде што локалните уметници ќе можат да се истакнат и во една отворена дружба да разменат искуства како со своите колеги, така и со уметници од целиот свет.

Како еден важен дел од настанот на 3 Март ќе се реализира и Мултимедијална интернационална изложба на која ке бидат представени сите дела, творени во периодот од страна на странските учесници и донираните дела од локалните уметници.

Желбата на организаторите на настанот Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски е да ја приближат уметноста до секој обичен граѓанин.