Меркел, Макрон и Путин зборувале за прекин на огнот во Сирија

26 февруари, 2018 | 9:12 часот | 494 прикажувања |

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за ситуацијата во Сирија со неговиот француски колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти Кремљ во изјавата цитирана од агенциите.

Тројцата лидери во телефонските разговори истакнале значителни понатамошни заеднички напори со цел спроведување примирје на кое повика и Советот на безбедност при ОН и тоа во целост и што побрзо, се наведува во соопштението на прес службата од Кремљ, јавува ТАСС.

Страните разговараа за прашања поврзани со Сирија во котекст на развојот на ситуацијата во источна Гута и обезбедување хуманитарен пристап во тие и други реони на Сирија, се наведува во соопштението.

Tреба да се изврши максимален притисок врз сириската Влада со цел да се прекинат нападите во Источна Гута, соопшти портпаролот на германската Влада.