Јункер: 2025 година е „можен датум за прием“ во ЕУ на сите западнобалкански земји

26 февруари, 2018 | 8:50 часот | 645 прикажувања |

По посетата на Македонија и Албанија, Јункер денес пристигна во Србија.

Јункер е во Тирана во рамки на официјалната турнеја по земјите од Западниот Балкан. Тој истакна дека 2025 година е „можен датум за прием“ на сите западнобалкански земји, а не само на фаворитите. Спротивно на тоа што пишуваат медиумите, според него, ЕК никогаш не рекла дека Србија и Црна Гора сигурно ќе станат членки на Унијата во 2025 година.

„Како датум за прием, 2025 година е отворена за сите кандидати и во зависност од тоа дали до тогаш или порано или подоцна ќе ги исполнат критетриумите за членство, не ќе постапиме на таков начин што ќе ги признаеме нивните напори“ истакна Јункер.