Делегација на Град Скопје положи свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу

25 февруари, 2018 | 13:45 часот | 511 прикажувања |

По повод 74-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, делегација на Советот на Град Скопје денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу.

Делегацијата на Советот на Град Скопје беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и од Ирена Попова и Александра Јовановска, членови на Советот на Град Скопје.

Со овој чин, делегацијата на Советот на Град Скопје, оддаде почит на ликот и делото на народниот херој, еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на народноослободителната борба во Македонија.

Цвеќе, на спомен – плочата на Кузман Јосифовски-Питу, положија и делегации од Општина Карпош, од Сојузот на борци на Македонија од општина Карпош и Град Скопје, како и претставници од основните училишта во општината.

Свои обраќања, за значењето на народниот херој имаа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претседателот на Градски одбор на Сојуз на борците од НОБ, Трајко Стаматовски.