Јункер и Хан денеска на средби со македонскиот државен врв

25 февруари, 2018 | 12:19 часот | 628 прикажувања |

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, во придружба на еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска ќе престојуваат во неколкучасовна посета на Република Македонија, како дел од нивната турнеа во регионот по повод Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

Република Македонија е прва земја од оваа серија посети. Претседателот на ЕК, Јункер ќе има средба со премиерот Зоран Заев. По тет-а-тет средбата меѓу премиерот Заев и претседателот на ЕК Јункер, делегацијата на Владата ќе одржи и пленарна средба со делегацијата на ЕУ. Планирана е и заедничка прес конференција на премиерот Зоран Заев и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, која ќе се одржи во 14.35 часот.

Како што информираа изутринава од Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов во 14,40 часот ќе има средба со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер во Вилата Водно.