Македонците во Австралија на протест за одбрана на името Македонија

25 февруари, 2018 | 11:45 часот | 959 прикажувања |

Одборот за организирање и одржување на мирни македонски протести ги информира сите Македонци дека Македонската заедница од Мелбурн и Викторија ќе одржи масовен протест пред Викторискиот парламент во одбрана на македонското име и идентитет.

Протестот под мотото „Ние сме Македонци во одбрана на Македониja“ ќе се одржи на 4-ти март 2018 год.

Од организациот одбор ги информират сите лица коишто сакаат да присуствуваат на протестот дека собирно место во 12:00 часот напладне е Карлтон Гарденс, кој се наоѓа на улицата Викторија, Карлтон. Оттаму, учесниците ќе се упатат по улицата Спринг до Викторискиот парламент каде што официјалниот протест ќе започне во 13:00 часот.

„Апелираме до сите Македонци, нивните семејства, роднини и пријатели 4-ти март да го посветат на зачувување на името Македонија, македонскиот јазик, идентитет, Црква, култура и традиции. Ние сите сме свесни дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци и дека ни претстојат најтешките денови и најголематата неизвесност за да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот, јазикот, културата и историјата на македонскиот народ од растечките, екстремно националистички и расистички барања на Грција, Бугарија и Албанија. Со оглед на растечките закани за опстанокот на Македонија, Македонија ги повикува сите Македонци на 4-ти март да застанат во одбрана на името на Македонија и нејзината иднина како држава на македонскиот народ“, велат организаторите на протестот во Викторија.

Македонците од Австралија, посочуваат, се чувствуваат игнорирани од медиумите во Македонија, а тоа не е случај со грчките медиуми и нивната дијаспора. Оттука тие упатуваат отворена покана до медиумите да испратат свои претставници за да го покријат овој многу важен мирен протест.

Организаторите на протестот очекуваат илјадници Македонци и нивните пријатели од други заеднци.

Лица за контакт и повеќе информации се: 

Д-р Ицо Најдовски (0418223313) и 

Д-р Крис Попов ([email protected])