Да ѝ помогнеме на Ања Минова: донирајте на 143 131!

24 февруари, 2018 | 19:47 часот | 938 прикажувања |

Македонија е на нозе по повикот на социјалните мрежи да и се помогне на младата штипјанка, Ања Минова, која е хоспитализирана пред неколку недели и по извршен зафат на срцето е префрлена на хемофилтрација во клиниката на Жан Митрев.

Со цел да се врати минимум нормалната функција на срцето ѝ да се спаси животот на Ања, итно се потребни 15.000 евра.

Семејството на оваа девојка испрати апел за помош, бидејќи не се во можност да ги подмират сите трошоци. Хуманите луѓе можат да донираат на сметкаат во Комерцијална банка: 300081000002132 или на бројот за донација од 100 денари во мрежата на Телеком: 143131.