Најново истражување: На Марс има песочни потоци, а не потоци од вода

21 ноември, 2017 | 20:39 часот | 235 прикажувања |

Темните пруги на Марс не се водни потоци, туку песочни, велат резултатите од најновото истражување.

Според истражувањето од 2015 година, темните линии кои се слични на водотеци беа претставени како вода на Марс, меѓутоа сега научниците од Аризона велат дека се работи за суви, стрмни потоци на песок, на или близу површината на планетата.

Научниците велат дека дури и да има вода тоа се мали количини кои се недоволни за живот, јавува Асошијтед прес.

Меѓутоа, од НАСА посочуваат дека истражувањата и понатаму траат и дека можност на Марс да има присуство на вода не може да се отфрли во потполност.