Желбата на Ед Ширан е да напише песна за Евровизија

24 февруари, 2018 | 13:45 часот | 540 прикажувања |

Светски популарниот музичар Ед Ширан во интервју изјави дека би сакал да напише песна со која Велика Британија би настапила на Евровизија.

„Не сакам да се појавам на евровизиската сцена, не би пеел таму. Ама сакам на напишам песна оти мислам дека Британија сака да победи и треба да победи набргу“, рекол Ширан.

Велика Британија нема победа на оваа манифестација од 1997 година и Ширан би можел да биде нејзин силен адут, имајќи предвид дека тој изминативе години е еден од најуспешните британски музички извозни производи.

Се шпекулира дека Ширан ќе биде автор на песната за новиот филм за Џејмс Бонд.