Николоски: Османи е вицепремиер само за Албанците или за сите во Македонија?

24 февруари, 2018 | 13:27 часот | 976 прикажувања |

Потпрестседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот Фејсбук профил со реакција за одлуката на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој реши да не оди на конференцијата посветена за Западен Балкан во Бања Лука, од причина што на истата не било покането и Косово.

„По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? Дека нема координација одамна е јасно, кадрите на СДСМ и ДУИ си тераат секој соло. Но, сега таа соло игра ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија. Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме или дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово? Не очекувам одговор од Османи, очекувам од Заев и СДСМ кој е спремен се да даде за власт! Толку ли му е слатка?, пишува Николоски.

Османи: Одлуката да не одам на конференција ја донесов како Европеец, не како Албанец