Османи: Одлуката да не одам на конференција ја донесов како Европеец, не како Албанец

24 февруари, 2018 | 13:00 часот | 2.089 прикажувања |

Контроверзната одлука да не присуствува на конференција во Босна и Херцеговина за Западен Балкан од причина што на истата не е покането и соседно Косово, вицепремиерот Бујар Османи ја правда со образложеие дека таа била во интерес на нашата земја.

Османи смета дека на конференцијата не смеело да биде отфрлено Косово, туку оваа земја требало да се поивка заедно со сите останати. Тој изјави дека неговата одлука ја донел како Европеец, а не како Албанец.

„Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како Европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата донесена од ЕУ предвидува перспектива за сите земји од Балканот. Една од шесте носечки инцијативи е помирувањето. И било каква инцијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив, се исклучува една од државите, е спротивна на самата Стратегија. Не може да се отфрла било која држава, треба да учествуваат сите“, рече Османи.

На прашањето како би се санкционирал за ваквиот чекор кој го преземал без официјална согласност од Владата, Османи не одговори, но рече дека одлуката е во насока на интересите на државата.