Разбојник со пиштол ограбил банка во скопско Маџари

24 февруари, 2018 | 12:45 часот | 600 прикажувања |

Од експозитура на Стопанска банка во скопската населба Маџари непознат сторител со закана со пиштол вчера одзел 4.500 евра и 196.000 денари.

Како што информираат од МВР, разбојништвото се случило околу 09:20 часот наутро. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојникот.