ВИДЕО: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во аранжман на Шербеџија и браќата Тавитјан

24 февруари, 2018 | 10:58 часот | 1.504 прикажувања |

Браќата Тавитјан остварија ексклузивна соработка со легендарниот актер и пејач со холивудска кариера, Раде Шербеџија. Станува збор за обработка на македонската традиционална песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во аранжман, продукција и изведба на Диран и Гаро.

Видеото го изработи продукцијата AleXander на Александар Ристовски-Принц, а во проектот партиципираше и басистот Александар Икономов.

Раде Шербеџија е хрватски филмски, телевизиски и театарски актер познат по светските блокбастери како „Невозможна мисија“ и „Бетмен“, но истовремено има бројни музички остварувања како и соработки со врвни балкански уметници. Од неодамна тој е член на најпрестижната академија на филмските награди Оскар.

Зад него се многубројни филмски остварувања меѓу кои и светските хитови: Mission Impossible (Tom Cruise), Taken, Batman, Snatch, The Saint, Harry Potter, Пред дождот, CSI Miami, The Promise како и неговите соло музички остварувања и соработки со врвни Балкански музичари, а и со неговиот фантастичен состав „западни колодвор” низ целиот свет.

Шербеџија од неодамна е и член на најпрестижната филмска академија – Оскар. Тој е уметничка големина со светско реноме и е човек кој целиот живот се залага за единство помеѓу народите, надминување на разликите и нивна комуникација преку културата.