Шилегов: Уривањето на дивоградба нема во себе свеченост и не се прави со фанфари

24 февруари, 2018 | 10:52 часот | 674 прикажувања |

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во вчерашното интервју за 360 Степени зборуваше за отстранувањето на споменикот на Андон Јанев-Ќосето и зошто тоа било направено ноќе.

Како што рече, споемникот бил поставен на ист начин, за што неговата партија кога била во опозиција рекла дека тоа се прави на „шверцерски“ начин.

„Поставување на споменик е свечен чин и тој по дефиниција не треба да се одвива во раните утрински часови, шверцерски. Очигледно е дека некој ја знаел или ја познавал правната ситуација. Контроверзноста што таквото поставување на таков лик, на таа локација, со таква стравична порака за џелатење на луѓето кога влегуваат во судот, го знаел и така одлучил, наместо да го направи еден свечен чин на поставување на споменик на некој што можеби е заслужен, или во конкретниот случај е измислен лик во нашата историја. Додека уривањето на дивоградба нема во себе свеченост. Тоа не треба да го правите со фанфари и со најави, и тука сте рационален во приодот“, изјави Шилегов во интервјуто.

Вели градот имал 3 дена за да нема и дополнителни трошоци.

Шилегов рече дека јавноста била известена од страна на Општина Центар дека е издадено такво решение до градот.

„Постапувањето во законскиот рок е нешто што е за мене како градоначалник императив. И постапивме на тој начин во конкретниот случај“, рече скопскиот градоначалник.