Шекеринска за името: Сакаме до крајот на март да ги видиме контурите на решението

24 февруари, 2018 | 10:38 часот | 1.355 прикажувања |

Не сме влезени во финалната фаза на решавање на проблемот со името, порача синоќа вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат“, рече Шекеринска во интервју за ТВ Телма.

Таа посочи дека дебатата се води околу името, а аргументите се на наша страна околу јазикот, бидејќи, како што кажа, не постои античкомакедонски јазик на кој Грците полагаат права.

„Ако се сака да има договор кој ќе биде прифатен од двете држави треба прашањето да се реши на чесен и достоинствен начин. Одлуките ќе се носат во јуни и во јули. Сакаме до крајот на март да се гледаат контурите на некакво решение, но нема да дозволиме роковите да нѐ притискаат, бидејќи треба да добиеме добар договор и за Македонија и за Грција“, рече Шекеринска.

Таа порача дека Македонија околу ова прашање треба да има најширок консензус и додаде дека некогаш опозицијата има конструктивни ставови за преговорите, а некогаш на виделина излегувал груевизмот.

Заев: Посакувам да се дојде до решение за името до крајот на март

One comment on “Шекеринска за името: Сакаме до крајот на март да ги видиме контурите на решението

Comments are closed.