Груби демантира дека седницата за јазиците е одложена поради изјавите на Хан

21 ноември, 2017 | 20:25 часот | 208 прикажувања |

Артан Груби, претседателот на Собраниската комисија за европски прашања ја одложил утрешната комисиска седница за законот за јазиците за, како што вели, да не се дефокусира јавноста од итните прашања.

„Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно“, вели Груби.

Груби посочува дека одложувањето не е поврзано со вчерашната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека владата треба да се фокусира на приоритетите реформи за кои ќе биде оценувана и дека законот за јазиците не е во Договорот од Пржино, ниту пак е нешто кое Брисел го бара.

Со 66 гласа „за“ и 41 „против“, пратениците минатата недеа дадоа виза предлог-законот за употреба на јазиците да оди на второ читање, а за него досега се поднесени 90 амандмани, од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска, еден ден по изјавата на Хан побара да се тргне европското знаменце од законот.