Ќе се утврдува дали има недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24

23 февруари, 2018 | 20:40 часот | 587 прикажувања |

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска одлучи да покрене постапка за утврдување на можно постоење на недозволена медиумска концентрација кај кабелската Телевизија 24.

На денешното гласање четири членови на Советот на Агенцијата наспроти три воздржани, изгласаа да се истражи евентуалната недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24, односно да се истражи дали правните лица кои го имаат сопственост во 24 Вести, имаат имотна врска со кабелскиот оператор Телекабел.

Според Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, ваквата поврзаност е забранета.