СДСМ: Мицкоски ги брани криминалните политики на Груевски

23 февруари, 2018 | 20:14 часот | 679 прикажувања |

Корупцијата е одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски ги брани криминалните политики на Никола Груевски, кои нанесоа огромна штета на државата и општеството и кои граѓаните ги поразија, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во Македонија владее корупција.

„Последниот извештај на ’Транспаренси интернешнл’ се однесува на состојбите во 2017 година и ги рефлектира последиците на 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи ги санира штетите од криминалното владеење, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот“, велат од СДСМ.

Македонија, додаваат од партијата, станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон каков било тип корупција.