„Воинот на коњ“, „Порта Македонија“ и „Филип Втори“ ќе ја доживеат судбината на „Ќосето“

23 февруари, 2018 | 17:57 часот | 2.557 прикажувања |

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана. За нив веќе се готови елаборатите. А од вчера е предаден за мислење и елаборатот за споменикот на Филип Втори, потврди за Алфа Мирослав Грчев, кој раководи со ова тело. Според него од Комисијата нема да куртули ниту споменикот на плоштадот ВМРО, а одговорност ќе се барало и за фасадите низ централното градско подрачје.

Ама затоа споменикот на Скендербег, а и тој на УЧК кој никна во скопски Чаир, нема да биде ниту предмет на разработка бидејќи како што вели Грчев, тој бил една друга приказна.

Според Грчев, на тапет се ставени и една цела група од 30-тина скулптури кои претходеле на проектот, а биле поставени од 2008-2010 година. Вели во најголем дел целиот проект најголемото прекршување го имал со заобиколувањето на Уставот, но и ненаменското трошење на средства.

Според координаторот на работното тело, нивната надлежност била да се испитуваат поставените споменици од Скопје 2014-та, ама ако сме се враќале наназад требало да се разгледува и Крстот на Водно, кој бил поставен непосредно пред Скендербег, ама тоа не било предмет на нивната работа.

извор: Алфа