СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни, пензиите се стабилни

23 февруари, 2018 | 17:29 часот | 564 прикажувања |

Граѓаните да бидат спокојни, пензиите се стабилни, Владата работи на економски развој и стабилизација на ПИОМ. Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, реагираат од СДСМ на денешната прес конференција на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но граѓаните може да бидат спокојни и мирни затоа што пензиите се стабилни. Исплата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено. Владата предводена од СДСМ се грижи за сегашните, но и за иднинте пензионери. Затоа надлежните институции работат на план за Фондот на ПИОМ да стане одржлив“, велат од владејачката партија.

Преку економските политики и Планот за економски раст, се посочува во соопштението, Владата предводена од СДСМ обезбедува нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ.

„Со тоа зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна“, велат од СДСМ.