Скопското крило на БЕСА: Касами подготвил сценарио за уништување на партијата

23 февруари, 2018 | 17:00 часот | 602 прикажувања |

Скопското крило на движењето Беса денеска повторно излезе со обвиненија против Билал Касами, додека бил претседател на партијата.

„Ако јавноста внимателно ги има следено имињата кои фалсификаторот Касами ги поднел на суд целосно тајно, многу лесно може да го разбере сценариото. Всушност, цели два месеца пред да се случи разрешувањето, кога многу луѓе со добра волја сè уште го молеа да попушти и се надеваа дека тој ќе има милост за спасувањето на Бeеса, тој заедно со Арјанит Хоџа, Кастриот Реџепи и Фадил Зендели – чувствувајќи дека се малцинство во нивната уништувачка агенда – го подготвиле сценариото на уништувањето на Беса, менувајќи ги имињата на членовите на Централниот Совет“, обвинија од Беса.

Од таму велат дека Касами внимателно ги избрал лојалните имиња, ги поднел на суд како членови на Централниот Совет и се надевал дека така ја заврши нивната агенда.

„Но, лисицата не успеа целосно да ја скрие својата опашка. Ова сценарио се откри и, освен неуспехот од реалното мнозинство во Советот и во централното претседателство, тие многу брзо ќе треба да одговараат и пред судот кога ќе се соочат со кривична пријава“, велат од Беса.

Од таму велат дека додека активистите на Беса во Чаир се соочуваа со третиот круг на локалните избори (14 ноември), ризикувајќи го и својот живот, овие лица на чело со поранешниот претседател на 15 ноември лани поднесуваа во судот документи за уништување на Беса.