АРМ успешно ја извршуваше својата мисија и сите поставени задачи во 2017-та година

23 февруари, 2018 | 16:21 часот | 636 прикажувања |

И покрај објективните потешкотии и ограничени расположиви ресурси, АРМ лани успешно ја извршуваше својата мисија и поставените задачи, а борбената готовност со големи напори и залагање на персоналот беше на потребното рамниште.

Началникот на генералштабот Генерал-потполковник Методија Величковски реферираше пред претседателот и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов.

На брифингот на кој присуствуваше и министерката за одбрана Шекеринска, шефот на државата беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во Армијата во изминатата година, за факторите и елементите кои влијаат на борбената готовност, но и за мерките за подобрување на степенот на борбената готовност на АРМ на повисоко ново.