Одложено судењето за „Триста“, обвинетиот Поповски не дојде на рочиштето

21 ноември, 2017 | 10:32 часот | 357 прикажувања |

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО, „Триста“.

Во предметот „Триста“ обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.