Студенти од ФИНКИ изработија едукативна алатка „Аферата Мис Стон“

23 февруари, 2018 | 15:09 часот | 483 прикажувања |

Студенти на ФИНКИ изработија едукативна алатка „Аферата Мис Стон“. Историскиот настан е прикажан како видео игра во која има информации за сите случувања.

Алатката ќе може да ја користат наставниците од основните и средните училишта, за да го направат часот и учењето поинтересни за учениците.

Обуките за алатката почнаа денеска во Музејот на македонската борба, а поради големиот интерес во текот на годината ќе се организираат повеќе работилници за наставниците кои ќе сакаат да го користат овој метод во наставата.