Колевски стана член на Советот на јавни обвинители

23 февруари, 2018 | 15:02 часот | 432 прикажувања |

Обвинителот Ацо Колевски даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Стана член на Советот на јавните обвинители. Вети оти ќе работи за јакнење на независноста на телото.

Смета дека со своето долгогодишно искуство може да придонесе во работата на Советот, особено за зајакнување на самостојноста на јавните обвинители во Република Македонија.

Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а во Советот за јавни обвинители доаѓа на местото на Љубомир Јовески, кој беше избран за државен јавен обвинител.