
Надминат инцидентот со бродот „Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта.
Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод.
Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира од каналот. Во целиот зафат учествуваше и екипа на ЈП “Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстрани водата од внатрешноста на бродот.