ФОТО: Свеќи на постаментот од отстранетиот споменик на Ќосето

22 февруари, 2018 | 11:58 часот | 686 прикажувања |

Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК) утрово запали свеќа на местото каде до вчера се наоѓаше споменикот на Андон Ќосето.

Споменикот на Ќосето од пред Врховниот суд беше отстранет во текот на изминатата вечер, а утрово на тоа место остана само постаментот.

Споменикот, кој предизвика низа контроверзии во јавноста, беше поставен ноќта помеѓу 6 и 7 септември во 2014 година.