Пријавил дека му исчезнала сопругата, а со себе ја зела и четиригодишната ќерка

22 февруари, 2018 | 11:17 часот | 698 прикажувања |

Во текот на вчерашниот ден во 17:30 часот во Полициското одделение Галате, 29-годишниот М.М. од селото Врањеовце пријавил дека на 20-ти во месецов му исчезнала сопругата.

Полицијата информира дека во периодот од 18:00 до 23:00 часот, од семејната куќа во непознат правец се оддалечила неговата сопруга, 26-годишната Л.М.од Република Албанија.

Таа ја земала со неа нивната четиригодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.