„Раша тудеј“ на германски ги измеша лончињата: Заев го претстави како Иванов

22 февруари, 2018 | 9:48 часот | 548 прикажувања |

Каналот на „Раша тудеј“ на германски јазик на „Јутјуб“ ја пренесуваше прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел што се одржа вчера во Берлин.

Најпрво под видеото стоеше „Во живо: Прес-конференција на канцеларката Меркел и македонскиот претседател Ѓорге Иванов“.

По некое време текстот беше коригиран, но повторно со грешка – овој пат името на Заев беше погодено, но функцијата македонски претседател му остана згрешена.