Заев: Во Белград се чувствувам како дома

21 ноември, 2017 | 9:02 часот | 1.936 прикажувања |

Македонија и Србија ќе развиваат успешни билатерални односи и преку нив ќе придонесат за јакнење на соработката во регионот.

Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот „Политика“, при официјалната посета на Србија.

Заев за Политика изјавува дека во Белград се чувствува како дома.

Според него целта е јакнење и продлабочување на соработката.