Европратеничката тројка во понеделник во Скопје

22 февруари, 2018 | 9:33 часот | 515 прикажувања |

Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан во понеделник во Скопје ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања, интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап.

Вајгл, Флекенштајн и Кукан ќе бидат гости говорници на конференцијата која ќе има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.

Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Од канцеларијата на Вајгл во ЕП информираат дека во неговата агенда е само Косап.