Споменикот на Ќосето отстранет oд пред Врховниот суд

22 февруари, 2018 | 9:24 часот | 1.147 прикажувања |

Во текот на ноќта од пред Врховниот суд, во центарот на Скопје, е отстранет споменикот на Андон Јанев – Ќосето.

Споменикот е однесен во магацините на Металскиот завод Тито.

Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.

Овој споменик беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014, како дел од проектот „Скопје 2014“ и како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Работната група при Министерството за култура предходно утврди бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја.