Фрлил бомба на амбасадата на САД во Подгорица, а потоа се самоубил

22 февруари, 2018 | 9:08 часот | 564 прикажувања |

Непознат напаѓач околу полноќ фрлил бомба на амбасадата на САД во pодгорица, по што веднаш се разнел со друга експлозивна направа пред дипломатското претставништво, објавија тамошните медиуми.

Од управата на полицијата изјавиле дека се работи за рачна бомба- позната како кашикара.

Причината за овој настан не е позната, а истрагата е во тек.

Фото: Reuters/S.Vasiljevic