Доналд Трамп размислува да се обучувaат наставниците за да ракуваат со оружје

22 февруари, 2018 | 8:58 часот | 418 прикажувања |

Доналд Трамп изјави дека го разгледува предлогот за носење скриено оружје од страна на обучени вработени во училиштата како одговор на убиствата во кампусот.

Трамп ја поддржа таквата идеја за време на средбата во Белата куќа со учениците кои го преживеаа масакрот.

„Кога би имале наставник кој е вешт и обучен да ракува со оружје, тоа можепе да го запре нападот многу брзо“, изјави американскиот претседател воедно признавајќи дека таквата идеја би предизвикала контроверзи.

Меѓу учениците со кои имаше средба беа и шестмина ученици од училиштето во Флорида каде беше изведен нападот минатата недела.

Пратениците во Собранието на Флорида одбиваат ограничување на оружјето откако Републиканската партија ја има контролата над парламентот во 1999 година.

Главното барање на учениците – забрана на оружје од типот на пушката АР-15, која ја користел напаѓачот Николас Круз, претходниот ден беше отстрането од дневниот ред на Собранието на Флорида.

„Знаеме што сакаме. Сакаме реформа за оружјето. Сакаме здраворазумски закони за оружје“, изјави ученичката Дилени Тар.