Ден за пратенички прашања во Собранието

22 февруари, 2018 | 8:43 часот | 610 прикажувања |

Собранието денеска ќе одржи седница за поставување пратенички прашања на Владата.

Седница за поставување се одржува секој последен четврток во месецот, а премиерот и членовите на Владата одговараат на прашања на пратениците. Први по неформалниот редослед за поставување прашања се пратеници од опозицијата, а потоа следуваат нивните колеги од владејачкото мнозинство.

Иако нема најава, на седницата најверојатно повторно нема да учествуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.