Албанскиот претседател Мета: Поделбата на Косово е неприфатлива

21 февруари, 2018 | 17:34 часот | 616 прикажувања |

Албанскиот претседател, Илир Мета, изјави дека поделбата на Косово е неприфатлива.

На средбата со претставници на Комисијата за надворешна политика при Европскиот Совет, предводена од Карл Билд, Мета истакна дека идеите за поделба на Косово и размена на територии се деструктивни.

Шефот на албанската држава ја изнесе и оценката дека Албанија очекува брзи преговори за влез во ЕУ, а истовремено нагласи дека Косово по демаркацијата на границата има либерализација на визите со Унијата.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на средбата го повтори својот став дека земјите од Западен Балкан што побргу треба да бидат дел од ЕУ.