Меркел за името: Проблемот треба да се реши, притисокот не е многу од корист

21 февруари, 2018 | 14:48 часот | 1.411 прикажувања |

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата со премиерот Зоран Заев во Берлин изјави дека за неа е охрабрувачки тоа што по подолг период двете страни имаат интерес за решение. Рече дека тоа треба да биде компромис и да се решава зад затворени врати.

„Мојот став е дека проблемот треба да се реши и притискот во преговорите не е многу од корист. Имам впечаток дека после подолг временски период има интерес кај двете страни за решение и тоа е добар предуслов. Верувам дека јавните изјави некогаш повеќе можат да штетат отколку да користат. Двете страни се однесуваат одговорно и знаат што можат да дадат за да се постигне компромис. Компромисите секогаш се болни, но решението е можно само на таков начин и токму тука може да се најде патот. Тоа е дипломатска уметност. И за тоа не се зборувува на прес конференции, туку зад затворени врати“, рече Меркел.

На прашањето да посочи година кога би се случил влезот во ЕУ, Меркел рече дека тајмингот е кога ќе биде постигната зрелост.

„Има предлози и услови на ЕК и не би сакала да кажувам датум, туку тоа зависи од брзината колку земјата ќе ги исполни условите“, рече Меркел.