Лазаров призна вина, Груевски и Јанакиески се изјаснија за невини

20 ноември, 2017 | 14:00 часот | 266 прикажувања |

Во Кривичниот суд главна расправа за случајот „Насилство во Центар“ во кој се обвинети 14 лица. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи го прочита обвинението.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс- министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за коe се товарат. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров призна вина и рече дека се кае.

Иако одбраната на обвинетите бараше одложување на расправата, судијата не ги прифати предлозите и ја почна главната расправа за предметот.

Апелација ја прифати жалбата на СЈО и одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори. Во судот издвоена постапка за обвинетиот Томислав Лазаров.

извор: МРТ